Му се претставиле како „Алфи“ и го ограбиле

Во 21 часот и 30минути на улицата „Пржино“ во Скопје, три непознати лица извршиле разбојништво над 21-годишниот Е.С.

Полицијата информира дека тие му се доближиле и му се претставиле дека се полициски службеници од единицата „Алфи“, му побарале лична карта, му го пребарале ранецот кој го носел, по што од паричникот му одзеле 3.000 денари и личната карта. После тоа физички го нападнале удирајќи го во пределот на главата и телото, по што го напуштиле местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на насилниците  и за целосно расчистување на случајот.