Му го украл БМВ-то од улица додека бил во продавница

Во центарот на Скопје, на улицата Аминта Трети, околу 20.40 часот синоќа, непознат сторител му украл патничко возило „БМВ“ на 31-годишен маж.

Крадецот го искористил невниманието на сопственкот на возилото кој оштетениот, додека бил во продавница, а возилото му работело со клучот на бравата. Влегол во возилото и незабележан од никого побегнал.

На тој начин арамијата се стекнал со противправна имотна корист од околу 900.000 денари, односно околу 15.000 евра.