Му благодарам на животот за постоењето на овие луѓе...

Постојат луѓе кои околу себе шират радост. Едноставно, спонтано. Каде и да се појават – огрева сонце. И кога си одат, во нашиот ум одекнува нивната насмевка и нивната радост го бара својот дом во нашата душа.

Тие имаат таква енергија што покрај нив никој не може да биде недопрен. Како да се создадени од некаки игри и смеа, донесени од некој подобар свет за да бидат добри гости меѓу нас.

Сериозни се како возрасни луѓе, но истовремено и едноставни како деца. Во својата радост ја пронаоѓаат својата сила. И за себе и за  другите. Тешкотиите во животот не им можат ништо. Ведрината е нивно животно мото.

Неретко посакуваме да бидеме како нив. Или барем да ни бидат најдобри пријатели. Посакуваме што почесто да можеме да пиеме од изворите на нивната сериозна безгрижност. А тие се навистина воодушевени. Се воодушевуваат од сѐ. И од звуците, боите, ветерот, брановите, есенските листови, добра книга, нова средба. И не можеме ниту да препознаеме што е најважно за нив.

Или воодушевувањето ја создава радоста или нивната внатрешна ведрина го создава воодушевувањето. Како воодушевувањето и радоста да се натпреваруваат – кој прв ќе дојде до збор.

Му благодарам на животот што овие луѓе постојат...