МТСП: Тече пријавувањето за новата поддршка за раст на плати во повисок износ од минималната плата

Министерството за труд и социјална политика преку соопштение ги известува работодавачите од трудоинтензивните дејности дека е во тек пријавувањето за новата поддршка за раст на плати.

„Фирмите кои сакаат да ја искористат финансиската поддршка за раст на плати, ги информираме дека може да аплицираат во Управата за јавни приходи, преку системот за Месечната пресметка за интегрирана наплата. Поддршката позитивно ќе влијае на растот на животниот стандард на работниците и продуктивноста на компаниите“, стои во соопштението на МТСП.

Од министерството додаваат дека обезбедувањето на повисоки плати за работниците е овозмено со последните измени и дополнувања на Законот за минимална плата, каде се утврдени и условите кои треба да ги исполни работодавачот за да ја добие финансиската поддршка. Поддршката изнесува 30% од разликата помеѓу бруто платата на работникот во тековниот месец и просечната бруто плата на работникот исплатна во последните три месеци лани, а најмногу до 1.200 денари по работник месечно, се додава во соопштенеито.