Мртов маж пронајден во камион на Качанички пат

Трагедија во Македонија, вчера бил пронајден мртов маж на улицата Качанички пат. Полциијата информира дека во Скопје во 07 часот и 30 минути на улицата во ТМкамион „МАН“ со српски регистарски ознаки,бил пронајден починат 37-годишниот Н.Ј. од Србија.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, а возилото е запечатено за понатамошна постапка.