Мртов маж пронајден во близина кај Олимпискиот базен во Скопје

Шеесет и шестгодишен маж бил пронајден мртов во близина на Олимпискиот базен во Скопје.

Според информациите на МВР, вчера во 11.40 часот во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, со екипа на Итна медицинска помош, бил донесен В.А. (66) од Кавадарци. Тој бил пронајден во безсознание во близина на Олимпискиот базен во Скопје. По неуспешните обиди за реанимација, во 12.30 часот од страна на лекар била констатирана смрт.

Телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.