Мрдни со прст", Црвениот крст и жителите од маалото Стара Топаана во недела ќе организираат еколошка акција

„Мрдни со прст", Црвениот крст на Република на Македонија и жителите од маалото Стара Топаана во недела од 12 часот ќе организираат голема акција за разубавување и чистење на просторот за играње што се наоѓа под улицата Самуилова.

На просторот, кој првично бил наменет за детска игра и забава, сега има насобрано отпад кој не само што го блокира местото на децата за игра туку истовремено претставува и потенцијален извор на зараза, што може да влијае негативно на нивната здравствена состојба.

„Мрдни со прст" ги повикува сите граѓани да се придружат и да се вклучат во акцијата што ќе се одржи в недела и со која заедно со локалното население и Црвениот крст ќе се исчисти и разубави просторот. За работата да биде позабавна, таму ќе биде диџеј Гоце САФ, кој ќе пушта музика и ќе помогне во целата акција.