Мозочниот удар сè почесто ги погодува младите: Ова се симптомите на кои мора да обрнете внимание!

Лошо ви е, но не можете да сфатите дали е тоа замор или конфузија. Ако не можете да се насмеете, да изговорите едноставна реченица, да го исплазите рамно јазикот или да ги кренете рацете, веднаш повикајте брза помош. Можеби туку што доживувате мозочен удар!

Доколку се сфатат сериозно предупредувачките знаци како што се силната главоболка, минливите нарушувања на видот, вкочанетоста на вратот, трпките или слабоста на половина од телото и ако на време се побара лекарска помош, се` може да се спречи.

Во тој период тим од експерти можат да ја применат најсовремената тромболитичка терапија која подразбира во првите неколку часа по мозочниот удар на болниот да му се даде лек кој го разбива тромбот. Со тоа оштетувањето на мозокот се сведува на минимум.

Сè почесто ги погодува младите 

Иако многумина мислат дека мозочниот удар е „резервиран“ само за постари луѓе, сепак и младите треба да обрнат внимание на овие симптоми. Денес, мозочниот удар се` почесто ги погодува и младите, што особено ги загрижува лекарите, бидејќи укажува на фактот дека се под сè поголем стрес, дека се поболни, но и дека не се грижат доволно за своето здравје.

Причината за овој поразителен факт е тоа што младите луѓе се сè подебели, хронично се под стрес, пушат, немаат редовни физички активности и неправилно се хранат.

Мозочниот удар звучи како смртна пресуда, бидејќи личноста која ќе го доживее во повеќето случаи останува тешко хендикепирана. Но, доколку на пациентот му се пружи соодветна лекарска помош во првите три до четири часа по излевањето на крвта, може да се избегнат поголемиот дел од последиците.

Симптоми на мозочен удар: 

» Вкочанетост на една половина од лицето или телото

» Вкочанет врат

» Парализа

» Нарушување на говорот

» Непослушни прсти

» Нагло замаглување на видот

» Несигурно одење и лоша координација на движењата

» Ненадејна неподнослива главоболка

» Нагон за повраќање