Понекогаш мислам дека сум прекомплицирана за твојот живот. Имав само многу идеи кои ти не можеше да ги видиш. Но, не беше важно.

Јас во нас верував и за двајцата. Имавме свои правила и поинаква љубов. Тоа јас го видов како наш почеток, но ти тоа го гледаше како свој крај. Ти беше тешко, мислеше дека дел од тебе ќе умре ако ми се отвориш, ако ми дозволиш да бидам твоја.

Но, ти ми беше и најдобар  другар. Барем јас така гледав на работите. Уживавме заедно, си поставувавме предизвици, се исполнувавме со страст и смеа, музика и прекрасни моменти. Но, никогаш не сакав ништо да ти одземам. Се надевам дека го сфаќаш тоа.

Не би било совршено. Не сме ни ти, ни јас. Само мислев дека можеме да бидеме нешто прекрасно во свет кој е просечен. Верував во нас и во најлошите моменти. Бевме толку различни од сите оние кои денес се во брак. Бевме поинакви по начинот на кој се сакавме и како точно знаевме што не сакаме. И ти го знаеше тоа, се сеќаваш?

Секогаш тврдев дека љубовта не мора да има смисла. За мене тоа беше најдобриот дел од нашиот однос. Можеби луѓето како нас не припаѓаат заедно. Но, ние си припаѓавме еден на друг. Тоа ми беше единствено важно. Го сакав секој твој дел, дури и тоа што беше несигурен околу некои работи. Си бевме рамнотежа еден на друг. Си бевме додаток еден на друг. А сепак не можев да разберам нешто кај тебе, како да ти беше притисок да бидеш среќен со мене.

Секогаш бев тврдоглава, се сеќаваш? Го признавам тоа. Но, сега сум променета и стојам тука, потполно твоја, чекајќи да го промениш мислењето. Што сакаш? Понекогаш мислам дека водиш битки сам против себе, како да не знаеш што сакаш. Ме сакаш. Ама сепак не ме сакаш.

Нѐ замислувам нас двајцата до крајот на животот. Како ти ќе завршиш со некоја која е поедноставна од мене и нема ништо да ти комплицира. Таа ќе биде безгрижна и кул, а не сериозна и вечно загрижена како јас. Нема да биде важно дали љубовта има смисла. Зошто и би било? Нека биде опуштен животот. Најдобриот дел е што ти се ќе контролираш, баш како што милуваш.

Кај мене не го сакаше тоа што баш јас сакав да ги контролирам работите. Се обидувам да видам подалеку од ова, но не можам. Секогаш беше чуден кога беше иднината во прашање. Затоа и не можам да видам ништо, но можеби и тоа е убавината на вашата љубов, ти и таа, без план.

Тоа ќе ти биде освежување. Таа нема да те збунува. Нема да те плаши. Нема да поставува животни прашања на кои ти не го знаеш одговорот. Се сеќаваш колку бев добра во тоа?

Мислам дека сѐ уште нѐ гледам нас двајца. Тебе и мене. Гледам дека сме поинакви и дека живееме по свои правила. Не сакав да бидам толку комплицирана. Не сакав ништо да ти одземам. Само мислев дека можевме да бидеме нешто прекрасно. И ништо не бидна од тоа.