Можеби се плашат од тебе затоа што си премногу искрена и ги тераш да ги симнат своите маски

Можеби се плашат од тебе затоа што си премногу искрена во време во кое луѓето ги привлекува слаткоречивоста, ги привлекуваат луѓе кои манипулираат со своите реченици и оние кои знаат како да направат лагата да биде попривлечна од вистината. Можеби твојата вистина е горка за оние кои не сакаат да ги вкусат оригиналот, оние кои само сакаат да го јадат шлагот од тортата.

Можеби ги плашиш затоа што точно знаеш што сакаш, а што не сакаш, а сите други се губат во тој процес на откривање. Можеби се толку изгубени во својата несигурност што го отфрлаат секој кој е сигурен во себе или се навикнати на луѓе кои се несигурни и кои и самите не знаат кои се во суштина. Можеби се плашат од тебе затоа што не сакаш да бидеш соучесник во нивните игри, игри во кои сите се толку опседнати со победи, па за губитник го сметаат оној кој не сака да ги игри. Можеби си окпружена со луѓе кои се експерти во играње на тие игри што воопшто не знаат како е на спротивната страна и не сакаат одново да бидат почетници.

Можеби се плашат од тебе затоа што им го кажуваш она што не сакаат да го чукат, затоа што се навикнати само на лаги. Можеби сакаат да веруваат во сликата која е создадена за нив и не сакаат да ја видат вистината. Можеби твоите зборови им се толку непознати што едноставно не ги разбираат. Можеби се плашат затоа што обрнуваш внимание. Не забораваш што кажале додека биле лути или ранливи, обрнуваш внимание на нивните очи и говор на тело, обрнуваш внимание на нивниот тон и гестикулации. Можеби не се навикнати на тоа и твоето внимание им е неудобно, затоа што тоа значи дека мораат да ги симнат маските.

Можеби се плашат затоа што знаеш дека им е страв, а сепак не си претпазлива. Можеби си непретпазлива со своето срце и чувства и тие не знаат како да се носат со тоа, тие не знаат како да се носат со што било кое ја нарушува нивната сигурност, рутина или реалност. Можеби твоето срце чука побрзо од нивното и едноставно не можат да те следат во чекор. Можеби се плашат затоа што не ти се потребни. Знаат дека можеш да преживееш без нив, дека нема да ги чекаш, дека ќе се бориш за себе, дека нема да дозволиш да бидеш само една бројка на нивната листа.

Можеби се плашиш затоа што се цениш самата себе, затоа што си доволно силна за да си заминеш и доволно паметна за да знаеш колку вредиш. Можеби биле навикнати цело време да бидат на нечиј пиедестал и не знаат како е да не бидат таму.

Без оглед на причината, продолжи да ги плашиш. Продолжи да ги плашиш со својата искреност, сила, добрина, љубов, разбирање, зборови, со своите очи, со својата присутност и способност да ги прочиташ. И натаму читај ги сѐ додека не пронајдеш некој кој е подеднакво храбар како и ти и кој нема така лесно да се исплаши, некој кој ќе биде подеднакво „страшен“ како и ти.

 

nike air max 2019 amazon