Можеби се движам бавно, но сепак се движам!

Скршеното срце е различно искуство за секој човек. Некои луѓе продолжуваат понатаму по една недела од раскинувањето.

Некои од нас немаат толку среќа.

Скршеното срце може силно да ве погоди. Понекогаш потребни се месеци, можеби и подолго, за луѓето да се подготват да се соочат со личностите кои им го скршиле срцето без да се вратат чувствата назад.

Понекогаш има периоди кога мислиме дека можеме да продолжиме понатаму, но некој стар спомен ќе не повлече назад.

Но, секој треба да знае дека ќе ја надмине болката, без оглед на тоа колку време ќе биде потребно за тоа.

И откако ќе преболете – ќе знаете.

Кога ќе го чуете нивното име нема да се потресете.
Кога ќе можете да слушнете песни кои ве потсетуваат на нив и нема да ви дојде да заплачете.
Кога повеќе нема да имате желба да им се јавите или да им напишете порака.
Кога повеќе нема  да заспивате со солзи во очите, туку едноставно мирно ќе спиете.
Старите слики ќе бидам спомени и нема да ви носат тежина.
Кога повторно ќе можете да бидете пријатели со нивните пријатели.
Кога помислата на нив со други луѓе не ви претставува мака.
Кога конечно ќе престанете да ги споредувате сите други со нив.
Кога ќе ги видите, немате нагон да ги направите љубоморни.
Едноставно сакате и вие да бидете среќни и тие да бидат среќни и покрај тоа што не сте заедно.
Кога ќе можете да се насмеете без да мислите на сите убави моменти.
Кога тоа што зборите со или за нив веќе не е голема работа.

Кога веќе нема да бидете лути.

Не е лесно да се стигне до точката кога конечно ќе бидете подготвени да продолжите. Понекогаш, потребно е долго патување полно со солзи, себе-обвинување и агонија.

Дозволете си да бидете тажни и природно, времето ќе ви дозволи да го залечите скршеното срце. Нема да биде лесно, но ќе успеете.

Кога конечно ќе стигнете до таа точка, ќе се чувствувате како поинакви луѓе. Ќе дојде овој ден кога ова ќе се случи, а вие ќе се чувствувате полесно.

Тие повеќе не се ваш порок. Вие ја победивте вашата болка.

Вие ги преболевте. Конечно е готово!