Можеби ќе бидат потребни денови и месеци, но што е ваше, ќе си дојде

Можеби ќе требаат денови, недели, месеци па  и години, но тоа што е ваше ќе си дојде до вас. Можеби ќе бидат потребни многу предизвици, проблеми, мачни денови, но ќе успеете да поминете преку нив и да го најдете своето место под сонцето. Можеби ќе треба малку повеќе време за до вас да дојде она што вистински го заслужувате.

Секоја болка, секој проблем и предизвик постојат за да ви покажат колку се важни некои нешта во животот.

Можеби не ја гледате целата слика сега, можеби не можете да разберете, но еден ден сè ќе ви стане јасно. Еден ден ќе ја сфатите вредноста на некои луѓе, или пак тие ќе ја сфатат вашата.

Вашето парче од тортата нема да и припадне на друга личност, тоа е само ваше. Затоа, бидете спокојни.

И тоа е убавината на животот, вербата која ја имаме во себе и во тоа дека секогаш излегува добро на крај. Секогаш добиваме награда за тоа што го  правиме, за тоа што сме добри луѓе иако често мораме да чекаме за тоа. Можеби некогаш ќе треба да извојуваме неколку битки, да пуштиме неколку солзи, но на крајот ние сме победници. Секогаш!