А можеби и заради сето ова ќе станеме подобри луѓе...

Можеби заради сето ова ќе станеме подобри луѓе, почовечни... Можеби ќе се освестиме дека сите сме исти и дека нема разлики.

И дека она што ќе му го направиш на оној до тебе, исто како да си го направил и на себеси. Затоа што сите сме едно и така треба да се однесуваме. 

Можеби конечно на површина ќе се појават вистинските животни вредности. Па ќе се свестиме и ќе сфатиме кои се вистинските животни приоритети и ќе се вратиме на нив. Да се свртиме и кон себеси и оние кои навистина ги сакаме. И времето поминато со нив, никогаш повеќе да не го сфатиме здраво за готово. 

Верувам дека ова е време на големо будење. Нова реалност која ќе се роди од сето ова. Некои нови луѓе. Се надевам во што поголем број. Луѓе кои нема безглаво да трчаат според стресниот животен ритам, сакајќ да добијат ова или она. Кои ќе се посветат повеќе на здравјето и животната средина. Кои ќе сфатат дека материјалните работи не се сѐ во животот и дека потребен е баланс за да почнеме квалитетно да живееме.

И којзнае... Можеби ова време ќе донесе повеќе простување. Повеќе емпатија. Повеќе разговори за оние кои се до нас. Повеќе топлина во нашите односи. 

Којзнае. 

А моментално највеќе што можеме да направиме е да бидеме одговорни поединци. И да веруваме во најдобриот исход. 

Чуввајте се себеси и своите драги!