Може ли поплавите во скопско да донесат земјотреси?

По поплавите во Скопје што се случија во 1962. година, веќе следната година Скопје го погоди катастрофален земјотрес. Може ли да се очекува земјотрес после оваа поплава која го погоди скопскиот регион?

Водата од поројните дождови и невремето во неколку скопски села веќе неколку ден не се повлекува.

Според геопатологот Стојан Велковски, за сега земјотреси не може да се очекуваат, но ако потрае ситуацијата може да донесе нарушувања во уторбата на земјата.

“За последните случувања во скопско се работи за локален процес и не верувам дека ќе има поголеми пореметувања во подлабоките гелошки структури, но ако тоа потрае подолг временски период можат да се нарушат некои процеси во утробата на земјата и да има проблем. Меѓутоа во конкретниот случај не очекувам некои посебни активности на земјата“, вели Велковски за ТВ Нова.