Може да се јави недостиг на храна поради корона вирусот

Во светот може да се појави недостиг од храна поради пандемијата на корона вирусот, но луѓето не треба да паничат бидејќи тоа само ќе ја влоши состојбата, предупреди главниот економист на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации, Максимо Тореро, објави „Сан“.

Тој додаде дека затоа индивидуалците треба да купуваат храна онолку колку што им е потребна за да се избегне фрлање на основните продукти. Во ОН велат дека иако светот бележи добра „жетва“, намалувањето на бројот на работници на полињата и забраните за извоз во некои земји може да предизвикаат недостаток на храна во одредени делови од светот.