Можат да ви го спасат животот: 10 најздрави намирници кои често ги избегнувате

Релативно евтини и достапни, овие намирници многу често знаеме да ги избегнуваме во секојдневната исхрана и покрај тоа што можат да ни го спасат животот.

Ова овошје, зеленчук и риба е преполно со витамини, минерали и нутриенти кои го штитат нашиот организам од смртоносни болести.

Лимон

Само еден лимон ја содржи дневната доза на витамин Ц, кој помага да се зголеми нивото на „добриот“ ХДЛ холестерол во телото и ги зајакнува коските. Цитрусните флавоноиди во лимонот можат да помогнат во запирањето на растот на клетките на ракот и имаат анти-воспалителни својства.

Брокула

Едно стебленце брокула со средна големина содржи доволна количина витамин К за да може да ги задоволи сите наши дневни потреби и содржи речиси двојна доза на витамин Ц која ни е потребна. Станува збор за две клучни хранливи материи кои помагаат во градењето на коските.

Оваа количина на брокула исто така помага во борбата против многу типови на рак.

Црно чоколадо

Само неколку грама црно чоколадо дневно може да го намали крвниот притисок кај инаку здравите луѓе.

Какао правот е богат со флаваноиди, антиоксиданси и докажано е дека може да го намали нивото на „лошиот“ ЛДЛ холестерол и да го зголеми нивото на „добриот“ ХДЛ холестерол.

Компир

Еден црвен компир содржи 66 микрограми фолати, кои се клучни за создавање на клетките – колку што содржи и една чаша спанаќ или брокула.

Еден сладок компир има речиси осум пати повеќе витамин А од нашите дневни потреби, кој се бори против ракот и го зголемува имунитетот.

Лосос

Лососот е одличен извор на омега 3 масни киселини, кои се поврзани со намален ризик од добивање депресија, болести на срцето и рак.

Една порција од 100 грама лосос содржи речиси половина од потребната доза на ниацин, кој штити од Алцхајмер и губење на помнењето.

Ореви

Оревите содржат најголема количина на омега 3 масните киселини од сите јаткасти плодови.

Омега 3 масните киселини можат да помогнат во намалување на нивото на холестерол, го подобруваат расположението и се борат против ракот, а одредени истражувања покажале дека дури и штитат од штетата која може да настане од прекумерно изложување на сонце.

Авокадо

Богато е со здрави, заситени масти кои можат да го намалат нивото на холестерол во организмот за 22 проценти.

Само едно авокадо содржи половина од дневната доза на влакна и 40 проценти фолати кои дневно му се потребни на нашиот организам и кои го намалуваат ризикот од добивање болести на срцето.

Лук

Лукот е моќен борец против сериозни болести кои можат да го поттикнат развојот на бактерии, вклучувајќи ја и ешерихија коли.

Алицинот, соединение кое може да се најде во лукот, поседува анти-воспалителни својства и докажано е дека може да го намали крвниот притисок и нивото на холестерол во организмот.

Спанаќ

Спанаќот содржи лутеин и зеаксантин, два антиоксиданси кои го подобруваат имунолошкиот систем и се многу важни за здравјето на очите.

Истражувањата покажале дека спанаќот е најефективниот борец против рак од сите видови на овошје и зеленчук.

Мешунки

Една порција мешунки (грав, грашок и леќа) четири пати неделно, може да го намали ризикот од добивање болести на срцето за 22 проценти.

Оваа иста навика може да ги намали и шансите за добивање рак на дојката.