Мотоциклист тешко повреден во Скопје

С.М.(47) од Скопје е тешко повреден откако управувајќи мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Несреќата, информираат денес од полицијата, се случила на „Качанички пат“.

-Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.