МОТОЦИКЛИСТ ПОКОСИ ПЕШАЦИ: Еден загинат на автопатот Скопје-Тетово

Мотоциклист удри во двајца пешаци што стоеле на лентата за принудно запирање на автопатот Скопје-Тетово. Во несреќата загинал мотоциклистот, а со тешки повреди се здобил едниот пешак.

Според информациите на полицијата, сообраќајката се случила синоќа два часа по полноќ. Во неа Р.Р. (38) од Тетово, со мотоцикл „сузуки“ удрил  во пешакот И. С. (38) од скопското село Сарај и во М.Х. (28) од Ѓорче Петров кои биле стоеле до нивните автомобили на лентата за принудно запирање.

Во незгодата на самото место починал Р.Р., додека со тешки телесни повреди се здобил И.С., кој е пренесен во Ургентен центар Скопје. Пешакот Х.М. по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.