„Мосад“ на секој чекор ги варди Израелците во Скопје (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Израел синоќа пристигна во Скопје. Следени од нивната разузнавачка служба „Мосад“, која патува со сите спортисти во светот од безбедносни причини, репрезентативците на Израел пристигна на аеродромот „Александар Велики“, како што дознава Телеграф, не ја напуштиле аеродромската зграда веднаш, туку тоа го направиле откако сите патници излегле.

Силните безбедносни мерки продолжиле и на патот кон хотелот „Мериот“, каде што се сместени. Високи мажи со црни костуми и слушалки во ушите цело време вардат наоколу. Фудбалерите на Израел нема да го напуштаат хотелот, единствено тоа ќе го сторат за денешниот тренинг и за утрешниот меч, кој почнува во 20 часот и 45 минути.