Морската вода – лек за сите проблеми

Морската вода се користи веќе долго време во терапевтски цели. Античките Грци и Римјани ги познавале нејзините лековити својства. Хипократ, таткото на модерната медицина, ги открил лековитите својства на морската вода, гледајќи колку брзо таа ги лекувала раните на рацете на повредените рибари.

Тој сфатил дека водата го намалува ризикот од инфекција, а исто така и ги  регенерира клетките и ја поттикнува размената на минералите и отровите помеѓу крвта и водата. Морската вода содржи витамини, минерални соли, амино киселини, живи микроорганизми кои ги ослободуваат антибиотските, анти-бактериските и хормонските супстанци кои помагааат да се воспостави биолошката рамнотежа на телото.

Поради своите состојки, таа има позитивен ефект не само на кожата, туку и на човечкото тело во целина. Пливањето во морската вода ги активира природните лековити механизми кои ги поседува нашето тело. Истражувањата потврдуваат дека водата го активира имунолошкиот систем и ја зголемува способноста на телото на самолекување и самоодбрана. Има позитивен ефект и врз психолошката состојба на човекот, дава чувство на мир, стабилност и самодоверба, го зголемува нивото на животната енергија во телото, го подобрува спиењето и помага во борбата против стресот.

Поради тоа што ја има истата pH вредност како здравата крв, ги содржи сите есенцијални минерали и елементи. Со секојдневен престој на море, телото ги добива ретките елементи кои генерално ни недостасуваат во секојдневната исхрана. Медитеранската клима, ветерот, сонцето, етеричните масла, натриум-хлоридот и јодот му ја даваат потребната енергија на човекот и го ослободуваат од секојдневниот стрес. Малите честички на солта во воздухот патуваат до најдлабоките слоеви на белите дробови. Олигоелементите и минералите, како магнезиум, манган и кобалт,  навлегуваат во телото, со што го зајакнуваат природниот имунитет. Конечно, брановите и струите во морето внимателно ја масираат кожата на целото тело со што го отстрануваат целулитот. Водата сочинува 70% од тежината на телото на човекот, додека мозокот има дури 95% вода во себе.

Сепак, битно е да се нагласи дека солта што ја купуваме не може да ја замени морската сол. Всушност, студиите покажале дека индустриски рафинираната сол, која се користи секој ден, повеќе му штети на телото, отколку што му помага. Купечка сол ги нема своите природни минерали и елементи и нема здрав ефект врз телото.

Еден од најважните елементи е јодот, бидејќи на човечкиот организам му е потребен за производство на два битни тироидни хормони. Овие хормони се од суштинско значење бидејќи управуваат со потрошувањето на енергијата во телото. Недостаток на јод може да доведе до хроничен замор, но и до зголемена подложност на инфекции, мускулна слабост, бавни рефлекси и сл. Ако немате слободно време или немате пари за одмор на море, обидете се да се опуштите секоја вечер во када наполнета со природна морска сол, вашето тело и вашата психа ќе ви бидат благодарни.