Момо Капор – најдобриот опис за тоа што останува после љубовта

Момо Капор е познат српски книжевник и сликар. Позади него остануваат многу дела, а едно од нив е и Уна.

Љубовта меѓу професорот Мишел Бабиќ и неговата студентка Уна Војводиќ била исполнета со многу страст и патувања. Но, Момо предвидел дека таа ќе заврши несреќно. Всушност, тогаш и настанал еден од најдобрите описи на тоа што останува после љубовта.

По љубовта, останува обичајот виното да се става во 2 чаши и цртите да бидат на иста висина. По љубовта останува реченицата “убаво изгледаш, ништо не се променило”.

“Јави се понекогаш, го имаш мојот телефонски број”. Остануваат и броевите на студентските соби во кои сме спиеле по љубовта.

По љубовта, остануваат празни улиците по кои одевме да ја сретнеме љубовта. 

По љубовта, останува твојата страна на постелата и стравот дека некој ќе наиде како изненадување. Илјада и една лага.

Преполни пепелници и празно срце. Навика да се палат 2 цигари, иако никој нема во близина. 

Фотографии снимени во автомат, таксисти кои никогаш не не сакале.

Катастрофа!