Пријателите се губат такашто ги крадат жени (последен пат ги видовме на ергенската вечер), ги краде работата, нивните деца, нивното име во весниците, нивното лице на телевизија, нашите зборови за нив кои ги чуле од некоја трета страна.

Панично оддржуваме некои килави пријателства, криејќи ја сопствената слабост и страв дека ќе останеме сами. Поголемиот дел од нашите пријателства се некаков вид беден компромис со совеста, бегство од осаменоста.

Колку само им завидувам на пријателствата кои требаат 50 години! Колку е само потребно љубов, трпение, помирување со грешките, прифаќање на слабостите. Колку итроштина е потребна за да се кради време од работата, амбициите, семејството и попладневниот сон – колку многу разбирање е потребно за да се одржи таа слаба и кревка билка на пријателството помеѓу двајца старци кои подолго од еден животен век, напладне се среќаваат во „Мажестик“ и тоа после сите добри и лоши години!

Двајца старци во „Мажестик“ напладне – две деца кои преку ноќ остареле и кои знаат некои, само за нив познати, премини низ забранети дворови кои ги нема повеќе, дупки во огради и таинствени тунели во исчезнати градини и секој ден напладне се дружат. Еднаш едниот го плаќа кафето, следнниот пат другиот го плаќа кафето.

Интересно е тоа што дека за крајот на некое пријателство секогаш ги обвинуваме другите, никогаш себеси. Ретко кој од нас верува дека има тежок карактер или склоност кон нови пријателства. Што се однесува до мене, старите пријатели ми се вистински скапоцености во животот. Секако, како и сите останати, создавам нови познанства, но највеќе од се ги чувам пријателствата кои ме паметата уште од времето кога имав темна коса и кога бев склон кон лудости.

Момо Капор