Момент за историја: Повлечена „седумката“ на Пеце Наумовски кој ја носеше во Ефес (ФOTO/ВИДЕО)

Турскиот прволигаш Анадолу Ефес направи голем гест и реши да го повлече дресот со број седум кој му припаѓаше на Петар Наумоски, поранешна кошаркарска легенда, а сега претседател на Македонската кошаркарска федерација.

„Седумката“ меѓу легендите замина на свечена церемонија на натпреварот против Милано во Евролигата. На полувремето претседателот на МКФ излезе на паркетот и доби овации од публиката, а потоа, одржа говор во кој се заблагодари за големата чест. Потоа, следеше и кревање на неговиот дрес.

Наумоски, кој е прогласен за кошаркар на векот во Македонија, во два наврати во кариерата го носеше дресот на Ефес. Прво, тој беше дел од турскиот гигант од 1992 до 1994 година, а потоа, во тимот се врати во 1995 и настапуваше до 1999 година.