Кога станува збор за бакнувањето, повеќето мислат дека жените не мора многу да се трудат освен да учествуваат. Но, ова постојано се покажува како погрешна теза и нема допирна точка со вистината.

Мажите имаат сопствени ставови и желби кога станува збор за бакнувањето и тие се подготвени да ја прекинат врската доколку девојката не е компатибилна со нив при бакнувањето. Според списанието „Тајм“, 59% од мажите прекинале врска поради лошо бакнување.

Според Вилијам Кејн, автор на книгата „Уметноста на бакувањето“, има одредени елементи кои ги прават некои луѓе подобро да се бакнуваат од останатите. По интервјуирање на 100.000 луѓе, Кејн дошол да заклучокот дека постојат 5 техники на бакнување кои мажите највеќе ги сакаат.

Устата нека биде малку пошироко отворена.

Мажите  не сакаат кога жените ги стискаат усните или воопшто не го користат јазикот. Според интервјуата, мажите сакаат жени кои повеќе ги отвораат усните и кои даваат повлажни бакнежи во кои е вклучен и јазикот.

Вие го иницирате бакнежот.

Мажите генерално се подиректни, но тоа не значи дека тие цело време сакаат да бидат оние кои се директни. Многу мажи велат дека многу сакаат кога жената го иницира бакнежот и ја презема контролата.

Имате активна улога во бакнежот.

Според голем дел од мажите, жените кои го оставаат мажот да прави се во врска со бакнежот, всушност и се најнепосакувани. Тие сакаат жените повеќе да се вклучат.

Почнувате нежно и бавно.

Да, мажите сакаат жени кои преземаат иницијатива, но тоа не значи дека сакаат бакнежот да биде како да ги удрил воз. Мажите сакаат жени кои го започнуваат бакнежот бавно и оттаму ја додаваат страста.

Грицкате по малку.

Не е се до усните и јазикот. Поголемиот дел од мажите велат дека обожаваат кога жената разиграно и страствено ќе ги грицне нивните усни (ама не претерувајте, ова не значи дека треба да им откинете месо или да им пуштите крв) за да го зачини бакнежот.