Момче претепано на Рекорд, случајно допрел еден од напаѓачите

Четиринаесет годишно момче вчера вечерта било физички нападнато од неколку лица на автобуската постојка на Рекорд.

Од полицијата информираат дека настанот се случил околу 20:30 часот додека малолетникот со другар преминувале улица, пред автобуската постојка на разминување случајно допрел едно лице по што бил нападнат со тупаници во пределот на главата и лицето.

Момчето било пренесно во ГОБ „Св. Наум Охридски“, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.