Момче од Батинци истепало цела фамилија соседи

Во 23 часот и 27 минути синоќа во полиција во Скопје, било пријавено дека семејство било нападнато додека седело дома. Според информациите добиени од МВР, А.Б. од Батинци пријавила дека во селото во семејната куќа, физички била нападната заедно со 55-годишниот Х.Д. и 24-годишниот А.Д.

Нивниот сосед А.Т. (19) влегол кај нив и ги претепал.

Истиот е приведен и задржан во Полицијата во Кисела Вода.