Mомче лежело невино во затвор, а по излегувањето утрово загина во земјотресот

По катастрофалниот земјотрес во Албанија регионот буквално се тресе на секој час, а атмосферата во Драч буквално е застрашувачка и жртвите се бројат секој миг.

Младиот Кристијан Печи утрово е идентификуван како една од осумте жртви кој загина во земјотресот кој утрово го погоди градот во 3 часот и 54 минути и беше со јачина од 6.3 степени по рихтер, пишува доие.мк.

Репортерката на емисијата „Боом“ Аријана Лоче на својот Фејсбук профил сподели фотографија на која напиша дека момчето пред само пет месеци е пуштен од затвор каде лежел како невин. За жал ова младо момче не успеа долго да и се радува на слободата, а во својот пост новинарката изразува и сочувство до семејството.