Момче (24) скокнало од втори кат додека екипа на Итната помош била во неговиот стан

Вчера во 20.34 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на бул.„Кирил и Методиј“ скокнало лице од стан на втор кат.

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за Д.Б.(24) од Скопје, кој скокнал во присуство на екипа на Итна медицинска помош која претходно пристигнала на местото. 

Тој бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.