Молитвата на Иво Андриќ: „Боже, не дозволувај нашето срце да остане празно“!

Нобеловецот и писател Иво Андриќ во својата книга „Знаци покрај патот“ има запишано една искрена и убава молитва. Ако сте во можност, трудете се да ја читате секој ден.

„Боже, не дозволувај нашето срце да остане празно, туку дозволи ни, бидејќи од твојата волја зависи сѐ, секогаш да сакаме и да се надеваме и она што го сакаме да биде добро и реално и нашата надеж да не биде залудна.

Дозволи ни предметот на нашите желби да биде поголем и поубав од нашиот живот и никогаш не ја изневериме добрата надеж заради кратки и лажни остварувања кои го кријат видикот и лажно ветуваат одмор.

Покажи ни го правиот пат, со минливите станици, а со мир и слава на крајот. И дај ни мудрост и храброст, кога веќе ни даваш искушенија.

И каде и да одиме и лутаме, не дозволувај на крајот да останеме надвор од твојата сеопфатна хармонија, затоа што тоа е она што го сакаме во секоја секунда, на секое место, со секое делче од нашето битие.“