Молитвата на една мајка...

Помогни ми на своите деца да им го дадам најдоброто – не во форма на облека и играчки, туку најдоброто од мене, да бидам грижлива кон нив и во добри и во лоши денови, како и во нивните, така и во моите.

Научи ме да ги прифатам своите деца онакви какви што се, без оглед на тоа што ќе прават, да слушам што зборуваат, затоа што само така и тие ќе ме слушаат мене: да ги охрабрам да ги следат своите соништа, а не моите: и те молам дозволи ми да се смеам и да се забавувам со нив. 

Дозволи ми да им дадам дом во кој владее почит и интегритет, дом полн со среќа. 

Овозможи ми да им подарам доволно храброст да бидат свои, доволно независност за да се грижат за себеси и отвореност да веруваат во силата која ги надвладува.

Покажи ми ги начините како да ги дисциплинирам без понижување, да им всадам убави манири, а притоа и самата да не заборавам на истите и да им дадам до знаење дека се бесконечно сакани без оглед на тоа што прават. 

Те молам погрижи се одговорностите да им бидат реални, но не и претешки, моите очекувања да бидат високи, но не и превисоки, а мојата благодарност и пофалби да бидат промислени и благовремени. 

Помогни ми да ги научам дека извонредноста е вистинската награда за извршената работа, а не славата која таа ја носи со себе. А кога славата ќе дојде – а ќе дојде, дозволи ми да уживам во нивните заслуги, колку и да била таа мала, без да си ја препишам на себеси. Моите деца за мене се чест доволна сама за себе. 

И конечно, дај ми вештини за да можам децата толку добро да ги оспособам за живот, за да можам без страв да ги пуштам да си одат по својот пат и да бидат благословени.

  • М.Кели