Моќна порака за сите жени: Додека се грижите за другите, никој не се грижи за вас – застанете малку

Животот е краток. Го минуваме во грижи и проблеми, често не се ни радуваме на убавите нешта бидејќи повеќе се грижиме како ќе испадне и така полека поминал животот.

Драга жено, животот е даден за да уживаш во него. Дигни ја главата горе, насмеј се, вдиши длабоко. Сè ќе биде во ред. 

За почеток, престани да го сфаќаш животот толку сериозно и да се грижиш за сите други освен за себеси. 

Солзите течат понекогаш, некогаш си замислена, некогаш брзаш да стигнеш да ги направиш сите среќни. Доаѓа ноќ и тогаш чекаш да одмориш. Но, животот ти минува. Еден ден ако те нема, луѓето ќе живеат и без тебе. 

Сакај ги, но не биди жртва за сите околу тебе. Не наоѓај изговори за нив, остави ги да ги водат своите борби. Не можеш да ги заштитиш од сите нешта на светов, од сите борби и проблеми. 

Кој ти вели благодарам на крајот на денот? Ретко кој го прави тоа, бидејќи мислат дека сето тоа е твоја обврска, дека мораш да го правиш тоа. Така ги имаш научено. 

Жива си, здрава. Одмори малку, запри. Заборави на грижите и дај си малку време за себе. 

Животот ќе тече и без тебе, но направи нешто за себе додека си жива.