Ова е еден од оние коктели кои можете да ги испиете наутро, а кои поради својот состав воопшто немаат лош вкус. Бенефитите од неговото редовно конзумирање се многубројни.
Потребни состојки:
1 лажица органски јаболков оцет
1 лажица лимонов сок
1 лажица мед
1 лажица рендан ѓумбир, или во прав
1 шолја филтрирана вода
Измешајте ги сите состојки внимателно и пијте го овој коктел, топол или студен.
Зошто е добро да се конзумира?
- јаболковиот оцет придонесува за балансирање на Пх нивоата, го чисти системот на варење, ја намалува подуеноста, ја балансира глукозата и нивоата на инсулин. Тоа придонесува за намалување на ризикот од инфекции, зголемување на енергијата и го запира растот на канцерогените клетки во телото.
- медот го балансира вкусот и додава ензими и витамини. Тој делува и антивоспалително и е природен извор на енергија.
- лимонот е богат со витамин Ц, и го подобрува варењето, а придонесува и за намалувањето на задржувањето на течностите.
- ѓумбирот е одличен за варење и подобрување на имунитетот.
Овој коктел ќе ви помогне веднаш да се чувствува подобро и посвежо и ќе ви овозможи протеини, добра бактерија и природни состојки кои ќе го сочуваат вашето здравје.