Овој лек има силни противвоспалително, но и антиканцерогено дејство.

Станува збор за мешавина од куркума и мед, позната како златна мешавина. Се нарекува златна поради многуте бенефити кои ги носи за нашето здравје,но нејзината боја  исто така потсетува на златото.

Куркумата и медот помагаат во уништувањето на многу видови бактерии, кои се причина за различни заболувања. Истовремено, ја зголемуваат отпорноста на организмот.

Потребни состојки:

1  мала лажица куркума

1 мала лажица изрендана лимонова кора

100 гр. мед

2 мали лажици јаболков оцет

Малку бибер

Начин на подготовка:

Во еден сад измешајте ги куркумата, јаболковиот оцет и црниот бибер. Додајте ја лимоновата кора и медот. Добро измешајте ги овие состојки додека не добиете хомогена смеса. Таквата смеса ставете ја во стаклена тегла која ќе ја чувате во фрижидер.

Земајте секој ден по 1 супена лажица од златниот лек. За најдобри резултати, смесата конзумирајте ја наутро. Ставете ја во уста, а потоа голтнете ја кога ќе се стопи.

Се препорачува и за оние кои имаат хемофилија и хипертензија.