Моќен напиток за слабеење и целосна детоксикација на оранизмот

Цвеклото е есенска намирница која содржи минимален број на калории, но има големи нутритивни вредности.

Сокот од цвекло содржи фитонутриент по името беталин, кој помага во процесот на детоксикација на организмот. А кога вашето тело ќе ги елиминира токсините на вистински начин, тогаш подобро и побрзо ја вари храната која ја внесуваме во текот на денот.

Во последно време нутриционистите препорачуваат сок од цвекло и за поголема издржливост на тренингот, доколку спортувате. Оттука, за поголема издржливост на тренингот се препорачува свеж сок од цвекла на околу еден час пред тренингот.

Цвеклото влијае на проширување на крвните садови а со тоа се зголемува протокот на крвта во мускулите. Подоброто снабдување со кислород и хранливи материи им овозможува на мускулите подобра работа, а добрата работа на мускулите е вусшност – забрзано согорување на килокалории.

Еве како да го подготвите свежиот сок од цвекло.

1 кг цвекло, 1 лажица мед и сок од 2 лимона. Цвеклото излупете го и ситно изрендајте го во сад, додадете го медот и сокот од лимон и помешајте. Смесата оставете ја околу три часа да отстои, а потоа исцедете ја силно гмечејќи ја.