Моќен напиток кој ја враќа силата и го зајакнува организмот

Ова смути ќе го обожуваат и децата, но и возрасните нема да можат да му одолеат!

Состојки:

– 1 јаболко

– 1 банана

– половина чаша јогурт

– половина чаша млеко

– 1 лажица мед

Подготовка:

1. Исецкајте го јаболкото и бананата

2. Ставете ги во блендер и додадете ги и останатите состојки

3. Матете додека да добиете хомогена смеса.