Семејството отсекогаш било и ќе остане темел и основа на нашето постоење. Одредувањето на приоритетите во нашиот живот и местото кое ќе му го дадеме на нашето семејство, има огромно влијание во животот.

Една е мајката, таа секогаш се става на прво место бидејќи никој не може да ја замени и да ја спушти на било кое пониско место во нашите животи.

За некои генерации силните и пожртвувани мајки веќе не ги нема.

Кога ќе се сетам мојата мајка таа беше спремна на секаков предизвик, таа беше глава на семјеството.Во семејниот довр сама го местеше ќумбето за да почен да го пече пиперот за ајвар, сама ги носеше дрвата буквално не и требаше помош од никој.Домот ни мирисаше на месено, секогаш имаше кифлички, слатко од јагоди, сок од кајсии....Знаеше сама да се справи кога ќе се запуши сифонот во кујната, со еден збор мајстор за се.

И никогаш не слушнав дека таа од нешто се жали дека не може или не знае нешто да направи.Иако одеше на работа и чуваше две деца живеејќи во зедница со свекор и свекрва.

Дали денес има вакви генерации?