Модерните скопјанки не се заморуваат за да чистат по дома, си плаќаат некој друг да ги заврши тие обврски место нив

Порано само на филмовите можевме да видиме дека богатите семејства имаат свои лични помошници. Оние кои им готват, им чистат, им ги чуваат децата, им ги средуваат дворовите. Но, и во Македонија, со текот на времето тоа станува нормално.

Модерните домаќинки повеќе не се заморуваат да губат време, за чистење и средување на својот дом. Едноставно ќе си викнат лице на кое што тоа му е професија ќе си платат убава сума, и дома се ќе им биде чисто и средено.

Додека тие чистат, модерните домаќинки се излезени надвор се забавуваат со најблиските, пијат кафе, едноставно си одвојуваат само време за себе, а не и за домот.

Сметаат дека имаат доволно работа, на деловен план, па така не можат да се оптеретуваат и со домашните обврски.

Децата најчесто одат во градинка, или пак им ги чуваат дадилки.

Модерното време со себе носи многу нови работи. За некое тие не се нормални, но за некои се. Секој сам си одлучува како ќе си го организира својот живот.