Модерен објект ќе се гради за Драмскиот театар

Министерство за култура распиша оглас за изградба на нов објект на Драмски театар во Скопје.

Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 625.423.729 денари или околу 10 милиони евра, а главен критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниската цена.

Новата зграда ќе се простира на шест ката, долниот дел ќе биде наменет за театарот, а горниот дел со површина од 12.710 метри квадратни за деловни објекти на приватниот партнер. Предвиден е паркинг простор за 204 возила.