Нема сомнеж за тоа дека животните се најобожаваните суштества на планетата. Многу луѓе своите миленици ги третираат како дел од семејството и тоа не е воопшто чудно баш поради фактот што нивните секојдневни активности ни предизвикуваат среќа и насмевки.
Многу животни, едукативно катче, нови и модерни живеалишта, постојана доградба и реновирање, ваква е сликата во монентов во скопската Зоолошка.
Животните ги чуваме како наши деца, ова беше неодамнешна изјава на вработените од Зоолошката.
Постојано има нешто ново, а сето тоа придонесува за бројот на жители во Зоолошката постојано да се зголемува. Најголема атракција се уште се слониците Дуња и Даела, кои вртоглаво ја зголемуваат бројката на посетители, од најмали до најстари.
Инстаграмџиите секојдневно споделуваат слики од Зоолошката градина, а ние ги издвојуваме најубавите.