Многу малку луѓе го одгледуваат оваа растение, а може да донесе огромна заработувачка

Билката која освојува плантажи ширум светот, се вика јошта, а нејзината популарност се должи на плодовите кои се ризница на витамини но и брза заработка, бидејќи производите кои се добиваат се вистински хит на пазарот. На прв поглед изгледа како рибизла, додека на вкус потсетува на мешавина од боровинка, киви и грозје.

Јошта или Јоста настанала во Германија со вкрстување на црна рибизла и грозје. Иако е откриена во дамнешната 1922 година, на нашите простори многу малку се знае за оваа билка, па со нејзино одгледување може многу добро да заработите. Јошта има извонреден состав од витамини и минерали, високо ниво на отпорност на болести и паразити, успева на подрачја со континентална клима, а може да издржи до -40 степени целзиусови.

Идеален период за садење е рана пролет или есен, а првите плодови може да ги очекувате по три години. Во првите четири години приносот по грмушка е околу 3,6 килограми, а цената за еден килограм е околу 5 евра. Јошта содржи дури 8 пати поголема количина на витамин Ц, 20 пати повеќе од јаболкото, и околу 30 пати повеќе од црешите. Се конзумира свежа, смрзната или варена.

Познато е и виното од јошта, добиено без термичка обработка. На нашиот пазар овој производ сеуште не е достапен, па еве ви шанса да бидете први и добро да заработите!