Џабе сте вие од Скопје ако на малиот прст имате пуштен нокт, Џабе си од Скопје ако фрлаш кеси со ѓубре од прозор или ги оставаш да смрдат у лифт. Џабе си од Скопје ако не плаќаш 100 денари за чистачка а фрлаш пикавци по скали! Многу ги има што се од Скопје, но прашање е колкав процент од нив живеат скопски?

Колку од вас го одстапиле местото на некоја дама во автобус? Колку од вас украле ружа од некој двор за љубената, свртеле некоја табла у гратскиот парк или партија шах у Жена парк? Колку од вас ги заболела душата за масакрот над зелените тревни површини, за теророт на паркот-шума Водно? Малкумина од вас ќе побараат да седнат на пиво и ќебапи у чаршија или па ќе се присетат на игранките по старите скопски дискотеки.

Денес ги нема..како и старото корзо. Колкумина од вас тажат што во Скопје ги нема рок свирките и станавме бездушно дувло на кичерај и турбофолк? Колкумина од вас ги заболе искрено што му ја земавте душата на Скопје? Што ги уништивте скопските паркови каде некогаш бркавме девојчиња а денес никнуваат згради? На колкумина од вас им фали Ф.К Балкан од Чаир и пекарата во Чаир кај мајче? Колкумина од вас иксрено жалат за нашето разурнато Скопје, по 1963 година???