ММФ останува на старите препораки македонските граѓани да одат во пензија постари

Меѓународниот монетарен фонд останува на старите препораки македонските граѓани да одат во пензија постари, а пензиите да растат според инфлацијата, за да се спаси пензискиот фонд.

Јасмин Рахман директорка на ММФ за Македонија вели дека дефициот во пензискиот фонд сега изнесува 4,5 проценти, но е во пораст и до 2023 година ќе достигне 10,5 проценти.

– Ова не е одржливо, а старосната границиа за одење во пензија и процентот на придонесот во Македонија се пониски отколку во земјите на Европската унија, вели таа.

Рахман додава дека затоа препораката на ММФ е старосната граница за остварување право на пензија да се иедначи со онаа во земјите на Европската унија, што практичноп би значело во пензија жените наместо како сега, на 62, да одат на 64 години, а мажите наместо на 64, на 66 години.

Исто така, таа сугерира и усогласувањето на пензиите да се прави според инфлацијата, а не како што предвидува сегашната законска регулатива, по половина според трошоците на живот и платите.