Млечен сос - вистинско освежување

Познатат готвачка Рејчел Реј приготви интересен сос кој е вистинско освежување и интересен предлог за менито на вашите коктел забави.

Потребни состојки:

500 гр. фета сирење

250 мл. Млеко

200 гр. печени лешници

1 лажичка оригано

1 печена црвена пиперка

2 краставици

100 гр. црни маслинки

100 гр. зелени маслинки

Сол и црн пипер

2 ќесички чипс со вкус по желба или пак зеленчук по желба (краставица, пиперка, морков, праз)

Припрема:

Ставете ги сирењето, млекото, ситно сецканите лешници, ориганото и ситно сецканите краставички во посебен сад и промешајте. Отстранете ги семките од маслинките и исецкајте ги на коцкички па додадете ги во садот. Исто така исецкајте ја пиперката и додадете ја во садот, па наросете сол и црн пипер.

Смесата мешајте ја додека не се соедини, а можете да ја изматите и во блендер.

Откако сосот ќе се соедини, ставете го во длабоки украсни чинии за сервирање, а околу чиниите наредете сецкан свеж зеленчук, како пиперки, краставица и морков, или пак чипс по желба. Добар апетит!