Младо момче претепано во кафеана во Скопје

Дваесет и едногодишниот П.Р. во 3:30 часот пријавил во полиција дека еден час претходно во угостителски објект на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје додека бил во друштво со неговата другарка и неговата девојка, бил физички нападнат од страна на поголема група лица, кои го удирале со клоци, тупаници и шишиња во пределот на главата и телото.

МВР информира дека откако успеал да излезе од локалот, по него излегле две од лицата кои продолжиле да го удираат со клоци и тупаници, по што оштетениот паднал на плочникот, а лицата го напуштиле местото на настанот.

Се работи на целосно расчистување на случајот.