Младо момче почина во Скопје

Вчера во 17.10 часот, од Градската општа болница “8-ми Септември“ примено е известување дека кај нив починал Б.С.(19) од с.Ропалце - Куманово.

Починатиот во 14.30 часот со приватно возило бил донесен со тешка повреда на главата. Имено, околу 14.00 часот додека Б.С. бил на стадион во с.Сарај-Скопје, се фатил со рацете за стативата од голот, истата се скршила, Б.С. паднал, а врз неговата глава паднала стативата.

МВР презема мерки и активности за расчистување на случајот.