Во 17 часот и 55 минути во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ со повреди од физички напад донесен бил 24-годишниот Н.С. од Скопје.
На местото на настанот од страна на полициски службеници било констатирано дека истиот ден околу 17 часот и 30 минути на улицата „Вуковарска“, бил физички нападнат од страна на Л.К. А.Б. и И.В. по што од удари со клоци и тупаници, се здобил со тешки телесни повреди.
Момчето со фрактура на череп е задржано на понатамошно лекување на интензивна нега.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.