Младо момче од Скопје почина во бизарна несреќа - телото на обдукција

Во Полициската станица Ресен вчера во 15,40 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во село Брајчино, при сеча на дрва едно дрво го удрило во пределот на главата И.С. (27) од Скопје.

Од страна на лекар констатирана била смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.