Младо момче од Скопје донесено прободено во болница

Во 20 часот синоќа во Единицата за информации и команда Скопје, од Градската општа болица „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека од страна на Итна медицинска помош бил донесен кај нив 19-годишниот М.Ј. од селото Црешево, скопско.

Лицето било прободено со остар предмет во левата потколеница.

Во  разговор со полициски службеници, М.Ј. изјавил дека бил физички нападнат од неколку непознати лица. Откако напаѓачите се оддалечиле во непознат правец, забележал дека бил прободен во пределот на ногата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.