Младите македонски ракометари ги добиваат противниците за СП

Младата ракометна репрезентацијана на Македонија денеска ќе ги дознае своите противници за Светското првенство што од 18 до 30 јули годинава ќе се одржи во Алжир.

Македонија пред ждрепката е сместена во третиот шешир заедно со селекциите на Катар, Алжир и Фарските острови, кои нема да бидат противници на црвено-жолтите во групната фаза.

Носители се репрезентациите на Шпанија, Франција, Германија и Хрватска, кои ќе бидат ждребани од првиот шешир.

Во вториот покрај домаќинот Тунис, се и селекциите на Норвешка, Данска и Исланд. Во четвртиот шешир ќе бидат селекциите на: Унгарија, Египет, Саудиска Арабија и Бразил, а петтиот во ќе се: Словенија, Буркина Фасо, Јужна Кореја и Аргентина.

Од последниот шести шешир ќе бидат извлечени селекциите на: Русија, Мароко, Шведска и Чиле.

При извлекувањето ќе бидат одредени четири групи со по шест репрезентации, од кои првопласираните четири селекции од секоја група ќе играат во осминафиналната фаза, додека петто и шесто рангираните ќе разигруваат за пласман од 17 до 24 место.

Извлекувањето на групите за младинското Светско првенство е попладнево од 16 часот во Базел.