Младите кои поминуваат повеќе време природа се помалку депресивни

Науката веќе долго време покажува дека природата има терапевтски ефект на возрасните, а новото истражување го потврдува ваквиот ефект и кај младите.

Според истражувањето објавено во Списанието за адолесцентско здравје, пристапот до природа ги прави младите помалку депресивни. Во ова истражување биле вклучени 9000 млади луѓе кои биле следени во однос на нивните симптоми поврзани со депресијата, како и нивниот пристап кон зелени површини.

Научниците имаат неколку теории зошто зеленилото и природата имаат толку добар ефект на младите луѓе. Една е идејата дека природата овозможува разбистрување на умот по долг и напоред ден. Друго објаснување покажува дека и покрај големиот напредок на технологијата, поврзаноста на луѓето со природата е дел од нивните биолошки карактеристики.

Ова истражување ги дополнува резултатите од многу истражувања кои посочуваат дека младите кои минуваат многу време со нивните електронски уреди се помалку среќни, од оние кои имаат различни други хобија.